8
Фудбалерот на Брентфорд, Игор Тиаго, го доби признанието за најдобар играч во Премиер лигата за месец ноември, објавија од лигата. Напаѓачот имаше блескав месец со пет постигнати голови на четири натпревари и за прв пат ја освои оваа награда.
Со тоа стана и првиот играч на Брентфорд кој успеал да го впише своето име меѓу добитниците на ова признание.
Брентфорд во тој период запиша две победи и два порази, што беше доволно тимот да остане на 14. позиција со вкупно 19 бода.
Признанието за најдобар тренер во месецот отиде кај менаџерот на Челси, Енцо Мареска. Лондончани во ноември запишаа три победи и едно реми и моментално се наоѓаат на петтото место на табелата со 25 освоени бода.