Брентфорд му одржа лекција на Манчестер јунајтед и ги освои трите бода (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Манчестер јунајтед повторно ги разочара своите навивачи, откако на гостувањето кај Брентфорд запиша пораз со 3-1.

Домаќините ја завршија работата уште во првите дваесет минути. Во 8. минута по грешка на Мегваер, Игор Тијаго со мајсторски погодок го отвори резултатот, а истиот играч во 20. минута зголеми на 2-0.

„Црвените ѓаволи“ брзо успеаа да се вратат резултатски во игра, само шест минути подоцна новото засилување Бенјамин Шешко го постигна својот прв гол во Премиер лигата и намали на 2-1.

Во продолжението се редеа прилики на двете страни, но за нов гол се чекаше до последните минути кога Јенсен ги постави конечните 3-1. Најголемата шанса за израмнување претходно Јунајтед ја имаше во 76. минута, кога Бруно Фернандеш не успеа да реализира пенал, неговиот удар го запре голманот Келехер.

Фото: Brentford FC

Можно е и ова да ти се допаѓа

×