Брентфорд добро се исценка за продажба на Мбеумо, има една поволна работа за Манчестер јунајтед

by bojan
1 минути читање
Конечно падна договор за трансфер на Мбеумо во Манчестер јунајтед

Брентфорд и Манчестер јунајтед си подале рака за трансфер на Брајан Мбеумо, се работи за зделка вредна околу 65 милиони фунти (околу 75 милиони евра), плус додатни 6 милиони фунти (околу 7 милиони евра) во бонуси.

По месец ипол долги преговори, Манчестер јунајтед успеа да го договори трансферот на Брајан Мбеумо.

Првиот предлог на „ѓаволите“ на почетокот од јуни беше вреден 55 милиони фунти, за на крајот од месецот да достават нова подобрена понуда вредна 62,5 милиони фунти.

Брентфорд покажа цврст став и на крајот успеа да се исценка за зделка вредна околу 71 милион фунти сосе бонуси.

Како што пренесува новинарот Дејвид Орнштајн, двата клуба си подале рака за 65 милиони фунти (околу 75 милиони евра), плус додатни 6 милиони фунти (околу 7 милиони евра) во бонуси.

Една поволна работа за Манчестер јунајтед е тоа што популарните „пчели“ се сложиле сумата од 65 милиони фунти да биде платена на четири рати.

ФОТО: X/Brentford FC

Можно е и ова да ти се допаѓа

×