Дефанзивецот на Јувентус, Глеисон Бремер е успешно опериран, но може да паузира и до 10 недели, па „старата дама“ размислува за ангажман на нов одбранбен играч во зимскиот преоден рок и на ум има две имиња.
Повредата на Глеисон Бремер му ги менува трансфер плановите на Јувентус, па ангажман на нов централен дефанзивец ќе биде еден од приоритетите.
Бразилецот денеска беше успешно опериран, но се стравува дека ќе паузира помеѓу 8 и 10 недели, подолго од ваков тим на повреди (менискус на колено) поради тоа што минатата година ги оштети предните вкрстени лигаменти на истото колено.
„Старата дама“ на ум има две имиња – Милан Шкрињар од Галатасарај и Ким Мин Џае од Баерн Минхен.
Двајцата се добро познати во Серија А, првиот е поранешен фудбалер на Интер, додека пак вториот беше член на Наполи.
Трансфер на Ким Мин Џае е малку комплициран поради тоа што дефанзивецот нема ЕУ пасош, а Јувентус во исто време сака да го ангажира и Науел Молина од Атлетико Мадрид.