79
Во последниот меч од 22. коло од Втората македонска фудбалска лига Брегалница го победи Охрид со 1-0, ова беше меч кој се играше под рефлектори.
Мечот меѓу Брегалница и Охрид се играше во одлична атмосфера, а штипската публика која реиси и ја наполни новата трибина, на крајот се израдува на важна победа.
Охрид во Штип отпатува како лидер, но дома се враќа со пораз и изгубена позиција на врвот.
Клучниот момент се случи во финишот од првото плувреме кога Лука Ѓоргиев упати фантастичен удар и погоди за водство на Брегалница од 1-0, што беше и конечен резулат.
Нов лидер е Скопје кој по денешното коло има 50 бода, дури три екипи имаат по 49 бодови, Охрид, Брегалница и Шкендија Арачиново.