Брегалница се засили со играч од Силекс

by 24 фудбал
1 минути читање

Брегалница го означи почетокот на зимските активности со промоција на првото засилување. Штипскиот второлигаш официјално потврди дека во продолжението од сезоната ќе смета на услугите на Бојан Рајков, кој пристигнува од редовите на прволигашот Силекс.

За Рајков ова не е непозната средина, бидејќи повторно се враќа во клубот каде веќе има оставено белег, а неговото доаѓање се оценува како потег кој треба да донесе стабилност во одбранбената линија.

Станува збор за фудбалер кој може да покрие повеќе позиции во дефанзивата, што претставува дополнителна вредност за тренерскиот штаб.

Во текот на својата кариера, Рајков настапуваше и за Кит Го од Пехчево и Вардар Форино.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×