Брегалница и Скопје се нови прволигаши

by
0 минути читање

Брегалница со 3-0 го победи Кожув и го завери првото место во Втората лига исток. Тие по четири години се враќаат во ПМФЛ.

Головите за Брегалница денеска ги постигнаа Бакрачески, Дујовски и Манев.

Екипата на Тиквеш ќе се обиде преку плејофот да влезе во Првата лига.

Скопје со 2-0 го победи тимот на Охрид. Головите ги постигнаа Кировски и Јанакиевски.

Со овие три бода Скопје и теоретски го обезбеди првото место, а жестока борба за второто место кое носи во плејофот водат Охрид (43), Велешта (43) и Гостивар (42).

Фото: ФК Брегалница

Можно е и ова да ти се допаѓа

×