Арсенал и Ливерпул одиграа 0-0 во дербито од 21. коло во Премиер лигата, а натпреварот во финишот беше обележан и со инцидент на теренот.
Во завршницата од мечот дојде до тензична ситуација кога Габриел Мартинели тргна да го исфрли Конор Бредли од теренот кој потешко се повреди. Фудбалерот на Арсенал мислеше дека играчот на Ливерпул намерно одолговлекува со цел да потроши време, без да биде свесен дека Бредли има посериозна повреда.
По натпреварот, Мартинели реши јавно да се извини за својата реакција и потврди дека веќе разговарал со фудбалерот на Ливерпул.
„Разговарав со Бредли. Му се извинив. Навистина не бев свесен дека е серизоно повреден. Сакам да се извинам на сите поради мојата реакција“, објави Мартинели.