81
„Bar Sir
Walter Pub“ кое се наоѓа во северниот дел од Рио Де
Женеиро измисли фантастичен начин како да го привлече вниманието на пошироката
јавност, а воедно да привлече и гости во пресрет на мечот помеѓу Бразил и
Србија во последното коло од групната фаза.
Кафулето има
посебна понуда за мечот на Кариоките, па така, по секое паѓање на ѕвездата
Нејмар на теренот, ќе се огласи ѕвонче по кое присутните ќе добиваат бесплатна
пијачка.
Ова не е ништо
ново поврзано со Нејмар, познато е дека Бразилците веќе почнаа на големо да се
шегуваат на сметка на ѕвездата на Кариоките, особено по неговата фризура за која легендарниот Кантона имаше смешна реакција.