Бразилските власти го прекинаа мечот меѓу Бразил и Аргентина! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Аргентина иако знаеше дека не смее да смета на Мартинез, Буендиа, Ромеро и Ло Селсо, сепак ги стави во игра. Овие четворица фудбалери требаше да бидат во карантин.

Натпреварот почна, се играа десетина минути кога на теренот влезе еден човек кој веројатно беше од здравствените власти во Бразил, по што мечот се прекина.

Настана мешаница, се објаснуваа сите крај аут линијата, но се уште нема разрешница на ситуацијата, дали мечот ќе продолжи ли и конечно ќе биде прекинат.

Чудна ситуација, нејасно е и како воопшто фудбалерите влегле во Бразил кога требало да бидат во карантин.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани