Бразилски клуб потпиша со голман кој во 2013 беше осуден за убиство

by 24 фудбал
0 минути читање

Бразилската јавност бурно реагира по потегот на Васко да Гама да го регистрира голманот Бруно Фернандес, кој во минатото беше осуден за едно од најшокантните злосторства во земјата.

Случајот датира од 2010 година, кога беше убиена неговата поранешна девојка Елиза Самудио, а во 2013 година Бруно доби затворска казна од 22 години. Иако призна дека знаел за злосторството, тој негираше директна вмешаност.

Одлуката на клубот предизвика остри критики во јавноста, со став дека ваквиот потег испраќа погрешна порака, особено поради тежината на делото.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×