Фудбалската јавност во Бразил е погодена од трагична вест, откако почина поранешен младинец на Крузеиро, кој пред неколку недели бил тешко повреден од залутан куршум.
22-годишниот Жоао Виктор да Силва Сантос три недели бил во кома во болница во својот роден град Масејо, во сојузната држава Алагоас, но лекарите не успеале да му го спасат животот.
Несреќниот настан се случил за време на прослава по повод годишнината на локалниот клуб Палма Алагоана, кој е во сопственост на негов вујко. За време на славењето, Сантос бил погоден од залутан куршум и се здобил со критични повреди, по што веднаш бил префрлен во болница.
Сантос беше дел од младинската школа на Крузеиро во периодот од 2019 до 2021 година. Во тој период настапи на 33 натпревари и постигна еден погодок. Засега, славниот бразилски клуб сè уште нема официјално соопштение на своите социјални мрежи по повод трагедијата.