Бранителот на
куп-титулата во нашиот фудбалски шампионат, битолски Пелистер го елиминираше
својот голем ривал, прилепска Победа во четвртфиналето и со тоа обезбеди место
во најдобрите четири екипи, поточно во полуфиналето.
По победата од 5-2 на домашен
терен, на избраниците на Захариевски им преостануваше рутински да ја одработат
реванш пресметката, па одиграа 2-2.
Неколку сезони по ред
одлично му оди на Пелистер со интернационалци од Бразил, а во одлично издание
се покажува и 24 годишниот Жаделсон кој беше стрелец на двата гола за битолскиот тим.
Лукас – Трипуновски –
Жаделсон, тоа беше триото кое денес блескаше на реваншот со Победа, играше и третиот Бразилец во тимот на Пелистер, Фернандо Силва кој воедно е најдобар стрелец на тимот моментално.
Видео:
infosport.mk