Бразилката се налути: Судијката која по една шега се стекна со светска слава, доби непристоен предлог (ФОТО)

by
9 минути читање

30 годишната
судијка Фернанда Коломбо се стекна со светска слава по шегата која ја направи
во еден меч кога „насамари“ фудбалер на Барселона од Еквадор, Кит Диаз.

Таа најпрво го
повика фудбалерот на еквадорскиот тим и кога сите очекуваа да му додели жолт картон,
таа извади марамица за да си ја избрише потта од лицето, а тој нејзин потег
наиде на многу позитивни реакции на социјалните мрежи, секако.

Покрај
позитивните коментари кои таа ги доби, истовремено во нејзиното „сандаче“ на
социјалните мрежи доби и порака со доста непристоен предлог, да остварува
средби со клиенти за најмалку 5,500 долари по ноќ, а во понудата стоело дека таа
би се дружела со едуцирани, интелигентни и респектирани мажи од 30 до 40
годишна возраст.

Коломбо секако се
налути по таа понуда, порача дека единствено што сака да работи, е тоа што го
посакува, фудбалот и новинарството, побара од јавноста тоа да го почитува и
доби поддршка од своите следбеници на социјалните мрежи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани