Бразилецот Силва му донесе победа на Пелистер против Шкупи (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Екипата на
Пелистер обезбеди минимален триумф од 1-0 над Шкупи во првиот меч од 33. коло
во најсилното првенство на Македонија.

Единствениот гол
на мечот го постигна бразилскиот интернационалец Фернандо Силва, кој во самиот
финиш на првото полувреме му донесе мошне вредни три бода на својот тим.

Пелистерци со
оваа победа ја продолжуваат трката за третото место на табелата на кое моментално
се наоѓа Работнички, „Романтичарите“ имаат само еден бод предност на четири
кола до крајот.

За утре со
почеток од 16 часот и 30 минути се предвидени и следните средби од редовното
коло:

Ренова – Силекс
Работнички – Вардар
Македонија Ѓ.П. – Шкендија
Брегалница – Победа

На табелата до
крајот на шампионатот освен за третата позиција, ќе се води и битка во долниот
дел, каде Шкупи (33) и Победа (32) ќе се обидат да избегнат бараж за опстанок
во прволигашката конкуренција.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани