Бразилецот Серџо Антонио ново засилување на Работнички

by
0 минути читање

23-годишниот бразилски напаѓач во Работнички пристигнува од Скендербег. Тој со „романтичарите“ потпиша едногодишен договор со можност за продолжување на уште една година.

„Среќен сум што доаѓам во клуб како Работнички за кого знам дека е еден од најдобрите во Македонија. Верувам дека ќе можам да му помогнам на тимот оваа сезона да дојде до своите цели“ – изјави Серџо Антонио за официјалниот сајт на клубот.

Серџо Антонио потекнува од фудбалската школа на Бело Хоризонте, од каде потоа се сели на европскиот континент.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани