Бразилецот Фелипе Мело објави крај на кариерата

by Стефан
1 минути читање

Бразилскиот ветеран Фелипе Мело објави крај на фудбалската кариера на 41 година.

Фудбалерот од средниот ред ќе остане запаметен по својо жесток темперамент и големата борба на теренот.

„Денес завршувам едно големо поглавје од мојата кариера. Беа тоа неверојатни години, полни битки и победи, но пред се тоа беа години во кои гледав како Божјите намери се исполнуваат на секој чекор. Се што направив беше водено со Негова рака, вечно сум што благодарен што можев да го правам она што го сакам“, стои меѓу другото во неговата порака.

Крузеиро, Гремио, Мајорка, Расинг, Алмерија, Фиорентина, Јувентус, Галатасарај, Интер, Палмеирас и Фламиненсе се клубовите во кои Мело настапуваше низ кариерата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани