Бразилците го „сардисаа“ Меси: Кога Барса победува по судиски грешки, тогаш не коментираш?

by
2 минути читање

Првата ѕвезда на
Аргентина и член на Барселона, Лионел Меси предизвика лавина од реакции во
јавноста овие денови откако најпрво бурно реагираше по поразот од Бразил во
Копа Америка, наведувајќи дека постои корупција, за потоа и да одбие да го
прими бронзениот медал на турнирот.

По случувањата на Копа Америка, Аргентина повелекува сензационален потег, ќе игра Лига на нации во Европа?!

Меси посочи дека
Копа Америка е наместена за домаќинот Бразил го освои турнирот, нешто што на
Кариоките им успеа по 12 години, а од таборот на победничкиот тим имаше бурни
реакции на овие изјави на Аргентинецот.

Јас лично за
него сметам дека е извонреден и посебен талент, меѓутоа мора да има повеќе
почит и да прифати кога ќе биде поразен, ние бевме оштетени од судиите во многу
прилики, игравме фер против Аргентина целиот период во текот на мечот
“ посочи
селекторот на Бразил, Тите, а малку подалеку отиде Тијаго Силва, кој потсети на
реванш пресметката помеѓу Барселона и ПСЖ во Лигата на шампионите, кога
Каталонците по убедливата победа од 6-1 ја анулираа негативата од
4-0 на првиот меч во  Париз.

Меси претера, па
тој го судеше реваншот против ПСЖ кога загубивме со 6-1, па никој од нас не ја
оспори победата на неговиот тим, нека ги преброи титулите на Бразил, пет пати
бевме светски прваци, секогаш на теренот
“ посочи Силва, а реакција имаше и од
Маркињос.

Жесус доби црвен картон па во бес ја бутна ВАР кабината (ВИДЕО)

Меси е добра
личност, меѓутоа неговите изјави беа непотребни, на нам не ни се допаднаа тие
изјави, ние загубивме од Белгија на Светското првенство и постоеа големи
судиски грешки,  исто така постоеа големи
судиски грешки во корист на неговата Барселона, не слушнав во тие моменти да
зборува за корупција
“ рече Маркињос, а коментар имаше и од страна на Дани Алвес.

Не се согласувам
со него, тука имаме професионални фудбалери кои премногу работеа во ова
натпреварување, се бореа за истото, Бразил сосема заслужено ја елиминираше
Аргентина во полуфиналето, ова е посебно постигнување за нас, едноставно не
треба да размислуваме за тоа што другите луѓе ќе кажат, дури и да станува збор
за Меси
“ рече Алвес.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×