Бразил првпат во историјата носеше црни дресови – со нив играше само едно полувреме! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Неодамна Винисиус беше мета на расистички навреди кога Реал Мадрид гостуваше кај Валенсија. Бразилската федерација реши мечот против Гвинеја да го посвети токму на борбата против расизмот.

Бразил за првпат во својата историја облече црни дресови, во нив играше само во првото полувреме, а во вториот дел излезе со традиционалните жолти.

Бразилците го добија мечот со 4-1. Жоелинтон и Родриго дадоа голови во првото полувреме, во вториот дел погодија Милитао и Винисиус.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани