692
Meдиумите во Англија објавија дека Алисон Бекер ја напуштил репрезентацијата на Бразил и се вратил во Ливерпул поради потрес на мозокот.
Бразилскиот голман се повреди во натпреварот против Колумбија кога беше заменет во 78 минута по судирот со Дејвисон Санчез.
Алисон во таа ситуација бил заменет поради сомнежи за потрес на мозкот, а сега е испратен предвреме во неговиот клуб на дополнителни испитувања.
Поради повредата Алисон нема да биде во комбинација за настап во големото дерби во квалификациите за Светското првенство против Аргентина на 26 март.