Бразил моќно ги почна квалификациите за СП, пет пати ја тресеше мрежата на Боливија (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Бразил во голем стил ги почна квалификациите за Светското првенство покажувајќи дека нема да се мачат да стигнат до Мундијалот во Катар.

Резултатот беше отворен во 16. минута кога по центаршут од Данило, Маркињос погоди со глава за водство од 1-0.

Следуваа два гола на Фирмино со кој Бразил поведе со убедливи 3-0 и ги урна сите надежи на Боливија дека може да си одат непоразени.

Во 66. минута Кутињо центрираше, топката го удри Караско и влезе во мрежата на Боливија, а седум минути подоцна и самиот Кутињо со гол со глава ги постави конечните 5-0.

Колумбија со 3-0 ја победи Венецуела, работата беше завршена во првото полувреме кога беа постигнати сите погодоци. Два пати погоди Муриел, еднаш Запата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани