Бразил ќе го третира Анчелоти како крал: Огромна плата, „дебел“ бонус за триумф на СП и приватен авион

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Бразил откриваат детали од соработката помеѓу Карло Анчелоти и „кариоките“, стратегот ќе добие огромна плата, „дебел“ бонус за триумф на Светското првенство во САД, а на располагање ќе добие и приватен авион.

Фудбалската федерација на Бразил синоќа официјално потврди дека Карло Анчелоти ќе биде нов селектор на националниот тим и порача дека најдобриот тренер го презема кормилото на најдобрата репрезентација.

Медиумите од Бразил сега откриваат детали од соработката и велат дека Карло Анчелоти ќе биде третиран како крал.

Италијанецот ќе има годишна плата од 9-10 милиони евра со што ќе биде најплатениот селектор.

Покрај огромната плата, на Карло Анчелоти му е ветен и „дебел“ бонус од 5 милиони евра за триумф на Светското првенство во САД.

Стратегот исто така на располагање ќе има и приватен авион со кој ќе може да патува кога ќе посака во Европа или Канада, каде што живее неговата сопруга.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×