Бразил откако се раздели со Тите се уште не назначи негов наследник. Се шпекулираше со повеќе имиња, а последно е дека се во разговори со Карло Анчелоти.
Бразилската фудбалска федерација е подготвена да го чека Анчелоти до крајот на сезоната за да го назначи за селектор.
Преговорите се одвиваат добро, а планирани се состаноци меѓу претседателот на Бразилската федерација, Едналдо Родригез и претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.
Анчелоти има договор со Реал Мадрид со 2024 година, па мора да добие дозвола од кралскиот клуб за заминување.
И Реал Мадрид ќе сака промени доколку Барселона ја освои титулата во Ла Лига, па реални се шансите Анчелоти да стане селектор на Бразил.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.