Бразил ќе чека до следната година да назначи наследник на Тите и ќе го ангажира Анчелоти?!

by
1 минути читање

По неуспехот во
Катар, Тите замине од клупата на Бразил, а медиумите почнаа да шпекулираат кој
ќе биде нов селектор.

Предводникот на Флуминенсе,
Фернандо Диниз се посочува како главен кандидат, но УОЛ пишува за можноста да
биде ангажирано светско име.

Станува збор за
Карло Анчелоти, со кого бил остварен контакт во октомври и Италијанецот бил
отворен за нови средби на кои ќе му биде објаснет целиот проект.

Еден од условите
кои ги поставил тој е да ја заврши сезоната со Реал Мадрид, и луѓето во
Фудбалската федерација на Бразил биле подготвени да чекаат до следното
лето.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани