Бразил има ново „чудо од дете“, потпиша договор со „Најк“ на осум години (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Младиот бразилски фудбалер Натанзињо, кој има само осум години, веќе успеа да добие долгогодишен договор од спортскиот гигант „Најк“.

Современиот фудбал сè повеќе е насочен кон маркетингот, а доказ за тоа е токму одлуката на „Најк“ да спонзорира и врзе со договор дете кое штотуку влегува во светот на спортот. Но, станува збор за вистинско „чудо од дете кое настапува во академијата на Фламенго и се смета за еден од најголемите бразилски таленти во последните години.

Видеата на кои се гледаат неговите мајстории на теренот станаа вистински хит на социјалните мрежи. Натанзињо во нив без проблем доминира против врсниците, а често игра и против постари категории, при што неговата разлика во квалитет е очигледна. Со тоа, тој влезе во историјата како најмладиот фудбалер што потпишал ваков тип договор.

Според бразилскиот „О Глобо“, „Најк“ си обезбеди ексклузивни права на еден од најголемите светски таленти, со големи очекувања за неговата иднина. Минатата сезона младиот феномен постигна 18 голови во државното првенство за деца до осум години, а освен што беше најдобар стрелец го доби признанието и за најдобар фудбалер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×