Хрватска доживеа пораз од Бразил со 3-1 во пријателски натпревар одигран во Орландо, во рамки на подготовките за претстојниот Мундијал.
„Кариоките“ дојдоа до предност во судиското продолжение од првото полувреме, кога Данило по асистенција на Винисиус Жуниор погоди за 1-0. Хрватска успеа да се врати во финишот, откако Ловро Мајер го израмни резултатот по додавање од Фрук во 84. минута.
Сепак, радоста на Хрватите беше краткотрајна. Бразил повторно ја презеде контролата, најпрво реализираше пенал преку Тиаго, а конечните 3-1 ги постави Габриел Мартинели во самиот финиш.
За Хрватска ова е чекор назад по победата над Колумбија, додека Бразил делумно го поправи впечатокот по поразот од Франција.