И додека Филипе
Кутињо беше топ тема во последните денови од преодниот рок, 22 годишниот Хосе
Арнаиз речиси на задна врата да пристигна на Камп Ноу иако за него беа платени 3,4
милиони евра, со оглед на тоа дека беше засилување за Б тимот.
Но со
импресивните партии, тој полека почнува да го привлекува вниманието и веќе
тропа на вратата на првиот тим, се говори дека Ернесто Валверде внимателно го следи Шпанецот и е во постојан контакт со Жерард Лопез, тренерот на
резервниот тим.
Хосе Арнаиз, кој
е застапуван од Рене Рамос, братот на капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, веќе има четири погодока зад своето име, а
впечатлив е и слаломот во стилот
на Лео Меси кој го направи изминатиов викенд против Лорка.
Медиумите го
опишуваат како играч кој умее да игра со двете нозе, одлично се снаоѓа на сите
позиции во офанзивата, и опасен е во дуелите еден на еден со противничките
дефанзивци.
Се говори дека
Хосе Арнаиз би можел против Мурсија во Купот на Шпанија да добие шанса да покаже
што умее.
Со оглед на тоа
дека Осман Дембеле подолго време ќе биде надвор од стројот, не се исклучува
можноста играчот да добие и шанса за деби во Примера.