Братот на Маркус Рашфорд, кој исто така е и негов агент, се огласи на социјалните мрежи и „удри“ по селекторот на Англија, Герет Саутгејт.
Герет Саутгејт е под притисок откако „трите лава“ се мачат на воведните два натпревари на Европското првенство.
Многумина му замеруваат зошто го игра Трет Александер Арнолд во средниот ред, а и зошто не му даде ниту една минута на Кол Палмер, кој блескаше во дресот на Челси.
Секако, има и замерки за изборот на имињата кои се најдоа во составот од 26 играчи, а еден од оние кои „удри“ по Герет Саутгејт беше и братот на Маркус Рашфорд.
Marcus Rashford's brother and agent on Instagram after England drew to Denmark pic.twitter.com/w2jitxfjfm
— Football on TNT Sports (@footballontnt) June 20, 2024
„Тешко е да седете и да ја гледате Англија кога искрено мислите дека вашиот човек може да направи разлика“ – гласеше пораката на братот на Маркус Рашфорд.
И покрај тоа што беше дел од претходните големи натпреварувања, Маркус Рашфорд сега не доби повик, Герет Саутгејт се правдаше дека на располагање имал играчи кои се во подобра форма.
Селекторот истото образложение го даде и кога ги шкртна Џек Грилиш и Џејмс Медисон, особено беше изненадување тоа што фудбалерот на Манчестер Сити не патуваше во Германија.
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.