Братот на Мбапе го остави ПСЖ без победа (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Лил успеа да го запре Пари Сен Жермен и одигра 1-1 во натпреварот вечерва од седмото коло во француското првенство.

Првото полувреме донесе речиси изедначена игра без многу прилики, а на одмор се замина со почетниот резултатот.

ПСЖ беше тој кој прв дојде до водство кога во 66. минута погоди Нуно Мендеш. Лил до бод дојде благодарение на голот на братот на Килијан Мбапе,  Етан во 85. минута кој претходно беше дел од клубот во Париз.

На табелата, ПСЖ сега има 15 бода, еден повеќе од Марсеј, Стразбур и Лион по седум одиграни натпревари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×