Браќата Вилијамс демантираа: Лажно сме обвинети за измама!

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Атлетик Билбао, Ињаки и Нико Вилијамс, преку официјално соопштение реагираа на обвинувањата кои се појавија во јавноста, тврдејќи дека станува збор за целосна лага и најавија дека ќе покренат правни постапки против тие што ги шират невистини.

Обвиненијата се лажни и имаат за цел да го нарушат нашиот личен и професионален углед, како и да изнудат неоснована уплата“, стои во реакцијата на браќата Вилијамс.

Тие не открија повеќе детали, но според шпанските медиуми, целата ситуација е поврзана со наводно спорно сопствеништво на луксузен автомобил.

Вилијамсови нагласија дека не се загрижени, бидејќи не направиле ништо погрешно и имаат целосна доверба во правосудниот систем.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×