Брајтон обезбеди
победа од исклучително значење на гостувањето кај Кристал Палас каде славеше со
1-2, а на два пати имаше водство против домаќинот кој најпрво се врати, но, не
успеа да освои ниту еден бод до крајот.
Гостите поведоа
со голот на Мареј уште во 19. минута, а со таа предност се замина на паузата по
првите 45 минути игра.
Во второто
полувреме по само пет минути игра Миливојевиќ од пенал израмни на 1-1, но,
Брајтон со голот на Кнокаерт во 74. минута повторно дојде до водство а со тоа
беше поставен и конечниот исход од оваа средба.
Со оваа победа
Брајтон се израмни со Кристал Палас на 13. позиција на табелата во Премиерлигата,
притоа има и меч помалку, а има предност од осум бода во однос на Кардиф кој е
веројатно на единствената позиција во зоната за испаѓање за која ќе претстои
борба до самиот крај на шампионатот.
Од погодоците на првата пресметка за денеска во Премиерлигата ќе ја издвоиме мајсторијата на Кнокаерт, а вие проследете ја реакцијата на неговиот соиграч Мареј…
Од 16 часот се
среќаваат:
Кардиф – Вест Хем
Хадерсфилд –
Борнмут
Лестер – Фулам
Њукасл – Евертон
Саутемптон –
Тотенхем
Денешните
натпревари ќе се комплетираат со дуелот помеѓу
Манчестер Сити и Ватфорд, предвиден од 18,30 часот.