„Брацо“ следните три години ќе биде задолжен за трансферите во Баерн

by
1 минути читање

Оваа функција на
Алианц Арене беше празна откако Матијас Замер си замина минатото лето.

Оливер Кан и Филип Лам беа споменувани како негови можни наследници но во фотелјата
седна еден друг поранешен играч.

Баерн Минхен
попладнево соопшти дека во иднина ќе купува под палката на Хасан Салихамиџиќ.

Популарниот
„Брацо“, кој девет години го носеше дресот на Баерн и освои шест титули во
Бундеслигата и една во Лигата на шампионите, стави потпис на договор со
трајност до 2020.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани