Медиумите од „островото“ пренесуваат за убав гест на Пеп Гвардиола, тренерот на Манчестер Сити од сопствен џеб одвоил околу 700.000 фунти и поделил бонус за помошниот персонал на првиот тим.
Пеп Гвардиола често дели пофални зборови за сите вработени, и успесите на Манчестер Сити не ги препишува само на него, неговиот тренерски персонал и играчите, туку го спомнува и целиот помошен персонал.
Дека не останува само на зборови, покажува неговиот последен гест. Како што пренесуваат медиумите од „островото“, тренерот на Манчестер Сити од сопствен џеб одвоил околу 600.000-700.000 фунти и поделил по 10.000 фунти како бонус.
Бонус добиле околу 60-70 луѓе, како економот, обезбедувањето, рецепционерите, куварите, бармените, физиотерапевтите и сите други од помошниот персонал на првиот тим.
Минатата сезона, Манчестер Сити стана првиот тим во Англија кој успеал четири пати по ред да стане шампиони.