Божиќен подарок за навивачите на Селта, легендата го продолжи договорот

by 24 фудбал
1 минути читање

Иаго Аспас не мрда од својот клуб и стави потпис на нов договор со Селта Виго. Иконата на клубот од Галиција има 37-години, а се обврза на верност на уште една година. Аспас потпиша нов договор кој е во важност до летото 2026 година. Така тој ќе остане во клубот 11 сезони во низа, откако претходно имаше авантури во Ливерпул и Севиља.

Аспас инаку е асоцијација за Селта Виго. Тој е најголема клупска легенда и миленик на навивачите, а набргу се очекува да стане играч со најмногу астапи. Во моментов Аспас е на второто место со 509 натпревари, додека прв е Маноло со 533.

Веќе напаѓачот стана најдобар стрелец на Селта и тоа доминантно, бидејќи има 210 погодоци, а зад него со по 118 се Хермидита и Владимир Гудељ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани