Бове по страшните сцени: Поддршката која ја добив ми помогна во тешките моменти!

by 24 фудбал
1 минути читање

Едоардо Бове имаше страшна сцена на мечот на неговата Фиорентина против Интер на први декември во Серија А. Тој колабира на теренот и заврши во болница, а му беа утврдени срцеви проблеми.

Поради тоа беше најавено дека ќе мора да му вградат дефибрилатор, што би го спречило да заигра повторно во калчото.

Младиот Бове се обрати преку социјалните мрежи и изрази огромна благодарност за целосната поддршка. Италија се обедини зад него, а пораки пристигнуваа и од целиот свет.

Во вакви моменти сфаќам колку овој спорт е вистински, а како ние освен резултатите и ривалството сме поврзани. Ние имаме поврзаност која во тешки моменти како мојот станува речиси нераскинлива. Поддршката која ја добив, топлината од навивачите, поддршката од соиграчите и противниците во целиот фудбалски свет ми дадоа неверојатна сила и храброст. Опкружен сум со позитивна енергија, а тоа ми помага да останам смирен и да не чувствувам осаменост која често доаѓа во вакви ситуации“, смета Бове.

Во редовите на Фиорентина младиот Бове настапува како позајмен од Рома. Останува да се следи неговата ситуација откако беше отпуштен од болницата и сега е на домашно лекување, со редовни контроли.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×