Како што пренесува Газета дело Спорт, Едоардо Бове синоќа имал видео повик со соиграчите од Фиорентина, им кажал дека не сака да носат маички во негова чест и побарал само да одиграат на високо ниво против Емполи и да слават победа во локалното дерби.
Фиорентина вечерва ќе го пречека Емполи во Купот на Италија, ова ќе биде првиот натпревар по страшните сцени на „Артемио Франки“ кога Едоардо Бове колабираше на теренот и добро ги исплаши сите.
Како што пренесуваат медиумите од Италија, Едоардо Бове вчера имал видео повик со соиграчите и ги известил дека сака да остане во втор план на овој натпревар, односно да нема маички во негова чест или специјални пораки.
Тој побарал само една работа, односно сите да го дадат својот максимум на теренот, да одиграат на врвно ниво против Емполи и да слават победа во локалното дерби.
Едоардо Бове имал слична комуникација и со Фиорентина, па било договорено да има само една порака на големиот екран на „Артемио Франки“.