Бове: Тешко ми е да објаснам со зборови колку значаен за мене беше Мурињо!

by riste
1 минути читање

Едуардо Бове му е крајно благодарен на Жозе Мурињо кој го лансираше во сениорскиот фудбал.

Бове ова лето од Рома се пресели во Фиорентина. Младиот фудбалер уживаше голема доверба кај Жозе Мурињо, но ја немаше од Даниеле Де Роси, па го промени клубот.

„Мурињо беше тренерот кој ме лансираше и кој ме почитуваше поради мојот труд. Тешко ми е дури и да најдам зборови за да опишам колку важен беше тој за мене“, рече Бове во интервју за „Кориере дело Спорт“.

„Тој ми даде шанса да влезам во сениорскиот фудбал, веруваше во мене и моите квалитети. Можам само да му се заблагодарам“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани