Медиумите од Италија пренесуваат дека Едоардо Бове имал мирна ноќ во болница, утрово е буден, имал јасна и логична мисла и одговарал на прашања од докторите.
Едоардо Бове добро ги исплаши сите кога колабираше вчера на натпреварот помеѓу Фиорентина и Интер.
На фудбалерот брзо му беше укажана медицинска помош на теренот и во безсознание беше пренесен во болница, каде за среќа се освести и почна самостојно да дише.
Медиумите од Италија утрово пренесуваат нови убави вести, Едуордо Бове имал мирна ноќ во болницата „Кареџи“.
Како што објави Скај Спорт, Едоардо Бове во моментов е буден и имал јасна и логична мислам и одговарал на прашања од докторите.
Во текот на денот ќе му бидат направени серија тестови, и се очекува вечерва да има ново соопштение од болницата и Фиорентина.