Босна и Херцеговина и Косово си обезбедија бараж за СП!

by 24 фудбал
1 минути читање

Босна и Херцеговина слави во клучниот натпревар од квалификациите за Светското првенство и си обезбеди барем бараж, а остана и во игра за првото место. Босанците дома славеа со сигурни 3-1 против селекцијата на Романија, со што ја оставија на третото место во групата без шанси за прогрес. Од друга страна, во последната рунда во директен дуел со Австрија тие ќе решаваат за директен пласман.

Романците поведоа во Зеница со голот на Бирлигеа во првиот дел. На стартот на продолжението израмнување донесе Един Џеко, а потоа резервистот Драгуш поцрвене. Тоа го казнија Бајрактаревиќ и Табаковиќ со голови за 3-1.

Косово триумфира на гостувањето кај Словенија со 0-2 (0-1) и за првпат ќе игра доигрување за Светското првенство. Предност за Косовците донесе Салани на стартот на средбата, а потоа откако Словенците добија црвен картон следуваше и автогол на Карничник за конечните 0-2. Во оваа група победа забележа Швајцарија со убедливи 4-1 против катастрофалната Шведска.

Данците со реми против Белорусија дома (2-2) ѝ оставија шанса на Шкотска која има бод помалку во групата Ц, иако киксна и загуби од Грција на гости (3-2). Во оваа група Шкотланѓаните во последното коло ги дочекуваат Данците во директна борба за врвот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×