Босна и Херцеговина е на чекор до пласман на Светското првенство откако избори место во финалето од баражот, елиминирајќи го Велс по изведување пенали на гостински терен. По 1-1 во регуларниот дел, каде што погодија Даниел Џејмс за домашните и Един Џеко за гостите, победникот беше решен во пенал серијата. Таму „змејовите“ беа поконцентрирани и триумфираа со 4:2.
Херои во пенал-серијата беа Табаковиќ, Башиќ, Хаџиахметовиќ и Алајбеговиќ, додека единствено не реализираше Демировиќ.
Големата победа донесе и силни емоции кај селекторот Сергеј Барбарез, кој триумфот го прослави со своите фудбалери и не ги задржа солзите по последниот свиреж.
Coach Sergej Barbarez crying after the match sharing the moment with his sons. Whatever happens you will always be our LEGENDARY CAPTAIN! 🇧🇦 pic.twitter.com/39gZLZ0tlr