Един Џеко не е задоволен од статусот во Фиорентина и веќе постигнал договор со клубот да ја промени средината во јануари. Искусниот напаѓач е блиску до заминување, а најконкретен интерес покажува Шалке, кој се бори за враќање во Бундеслигата.
Тренерот Мирон Муслиќ веќе имал неколку разговори со Џеко, а босанскиот репрезентативец би добил договор со атрактивни бонуси врзани за голови и резултати, како и за евентуален пласман во повисок ранг.
Сепак, Шалке не е единствената опција. Интерес постои и од Париз, кој подготвил сериозна понуда за 39 годишниот центарфор. Според информациите, Џеко има усмен договор со двата клуба, а конечната одлука се очекува во наредните 24 часа.
Кариерата на Џеко започна во Железничар, а потоа настапуваше за Теплице, Волфсбург, Манчестер сити, Рома, Интер, Фенербахче и Фиорентина.