Плимут ќе го предизвика Манчестер Сити во ФА Купот, откако во претходната рунда направи сензација и го исфрли Ливерпул.
Пред дуелот со „граѓаните“ тренерот на второлигашот Мирон Муслиќ имаше пофални зборови за Пеп Гвардиола.
„Тој е гигант во нашиот спорт. Еден од најуспешните терени во историјата на фудбалот. Средбата со него ќе ми биде најголема чест во животот и кариерата. Се радувам што ќе се ракувам со него и ќе му кажам каков великан е. Пеп е голем идол на секој тренер во светот“, изјави Мускиќ.
Овие зборови стигнаа и до самиот Гвардиола кој имаше што да му врати на Босанецот.
„Имам за него шише со вино по овие зборови, го ценам тоа и му благодарам. И мене ми чест што ќе го запознаам“, прокоментира Гвардиола.