Борусија сака да го задржи, но Ковач добива повик што го чека цела кариера!

by 24 фудбал
1 минути читање

Кога Нико Ковач седна на клупата на Борусија Дортмунд во февруари, малкумина веруваа дека за кратко време ќе стане клучна фигура за клубот. Но, со одличните резултати и стабилизирање на тимот, Ковач сега не само што си ја зацврсти позицијата, туку и го привлече вниманието на Премие рлигата.

Како што пренесува „Билд“, Тотнем внимателно ја следи ситуацијата околу хрватскиот стратег, особено затоа што актуелниот менаџер Анге Постекоглу е под силен притисок поради слабите резултати. Засега нема официјална понуда, но интересот е реален. Токму Премиер лигата е кариерна цел на Ковач кој долго време чека на ваков повик, а сега веројатно го добива.

Сепак, Ковач има договор со Дортмунд до 2026 година и клаузула која му обезбедува значителна отштета во случај на прекин на соработката. Сепак, Борусија нема намера да се раздели со него – клубот е целосно задоволен од неговата работа и планира продолжување на соработката.

Борусија е само на четири бода од местата кои водат во Лигата на шампионите, а Ковач веќе покажа колку му е важно да се интегрира – од неодамна се пресели во постојан дом во Дортмунд.

Фото/Photo: Borussia Dortmund/Twitter

Можно е и ова да ти се допаѓа

×