Борусија победи победи и петти пат во низа во Бундеслигата (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Борусија Дортмунд ја продолжува одличната форма во Бундеслигата и денеска запиша нова победа, совладувајќи го Волфсбург со 2-1.

Ова беше петта последователна победа за „милионерите“, кои поведоа уште во првото полувреме со погодокот на Риерсон. Гостите во продолжението возвратија и преку Кулиеракис стигнаа до израмнување, но Гираси со гол во самиот финиш, три минути пред крајот, ги донесе трите бода за домашниот состав.

Важна победа оствари и Сент Паули, кој на свој терен со 2-1 го совлада Штутгарт. Стрелци за победничкиот тим беа Салиакис и Синани, додека Левелинг го постигна почесниот гол за гостите.

Од опасната зона се оддалечи и Мајнц, кој без поголеми проблеми славеше над Аугсбург со 2-0, а двата погодоци беа реализирани од белата точка.

На останатите натпревари, ХСВ сигурно го совлада Хајденхајм со 2-0, додека Фрајбург минимално, но заслужено, беше подобар од Вердер со 1-0.

Standings provided by Sofascore

Можно е и ова да ти се допаѓа

×