Германски Билд
пренесе дека Бундеслигашот Борусија Дортмунд имал сериозна активност да во
своите редови го доведе напаѓачот на Јувентус, Марио Манџукиќ, дури и била
испратена понуда за Хрватот, но имало и брз одговор од страна на тимот од
Торино.
Според
информациите, шефот на стручниот штаб на Старата Дама, Масимилијано Алегри не
сака ниту да слушне за продажба на Манџукиќ во кого гледа голема важност во
неговите планови во тимот.
Манчестер
јунајтед исто така имаше обиди ова лето да дојде до потписот на Хрватот , но
одговорот на Јувентус и тогаш беше негативен, па од тука, јасно е дека важноста
на Манџукиќ во плановите на Алегри е секако голема.
32 годишниот
Манџукиќ е веќе три години во редовите на Старата Дама, таму дојде од тимот на
Атлетико Мадрид, неговиот актуелен важечки договор со клубот истекува во 2020.
година.