Медиумите од Германија пренесуваат дека раководството на Борусија Дортмунд му се налутило на Матс Хумелс за критиките кон Един Терзиќ, па нема да му понудат нов договор и дефанзивецот ќе замине летоска.
„Милионерите“ синоќа соопштија дека Един Терзиќ повеќе не е тренер на првиот тим, стратегот побарал да замине, а тие му ја исполниле желбата и му го раскинале договорот.
Се шпекулираше дека зад ваквиот развој на настаните стои нетрпеливоста со Матс Хумелс, кој во неколку наврети му замери на Един Терзиќ, а чашата ја прелеа со интервјуто на три дена пред финалето во Лигата на шампиони, кога упати жестоки критики.
Многумина сметаа дека Матс Хумелс ја добил војната, но последните информации велат дека всушност и тој ќе замине.
Раководството на Борусија Дортмунд високо ја ценело работата на Един Терзиќ, па му се налутиле на Матс Хумелс.
Се говори дека спорното интервјуто било многу полошо од она што јавноста го прочита, Борусија Дортмунд интервенирала за да не биде објавено се што кажал искусниот дефанзивец.
Исто така, се говори дека зад сцената, Матс Хумелс успеал да обедени поголем дел од соблекувалната против Еден Терзиќ и атмоферата била многу токсична.
Она не им се допаднало на челниците, па нема да му понудат нов договор на Матс Хумелс и тој ќе замине од клубот.