Обамејанг се поврзува со неколку клубови но според извршниот директор на Борусија Дортмунд на нивна адреса се уште нема соодветна понуда.
Доколку не пристигне понуда во наредните денови тие нема да го продадат бидејќи потоа ќе биде доцна да се најде соодветна замена.
„Му рековма на Оба: Доколку сакаш да одиш некаде, тогаш клубот ќе треба да ги исполни нашите барања, потоа дојде кај нас и ќе зборуваме“ – вели извршниот директор Ханс Јоаким Вацке.
„Но тоа може да се случи до одредено време во преодниот рок, кое полека истекува. Ќе ни биде потребна соодветна замена за него, што е тешко да се најде за кратко време“.
„Ќе чекаме уште неколку дена, но не повеќе. Досега немаме понуди на маса“.
„Има само неколку клубови во светот каде може да заработува повеќе отколку кај нас.
Обамејанг се поврзува со Милан, Челси и ПСЖ.