Борусија Дортмунд го возврати ударот: Ќе има санкции!

by
1 минути читање

Младиот француски
интернационалец од редовите на Борусија Дортмунд, Осман Дембеле е таргет на
Барселона ова лето, познато е делегација на каталонскиот клуб оваа недела
отпатува за Дортмунд во обид за договор со германскиот бундеслугаш околу овој
фудбалер, но „Милионерите“ побараа 150 милиони евра за својот фудбалер.

Откако стана
јасно дека Барселона не е заинтересирана да ја издвои бараната сума,
Дембеле не се појави на денешниот тренинг, ниту пак беше достапен за клубот на својот мобилен телефон, со што индиректно започна со штрајк.

Борусија Дортмунд
сега го возвраќа ударот, па така спортскиот директор на овој клуб, Михаел Зорц,
најави санкции за фудбалерот.

Осман Дембеле го
пропушти денешниот тренинг и очигледно е дека сам одлучил на таков чекор, ќе го
санкционираме фудбалерот за овој потег, тука немаме никакви сомневања. Да
напоменам, тој е во Дортмунд, иако имавме можност да прочитаме разни стории
поврзани со него, во договор со тренерот одлучено е да го пропушти натпреварот
овој викенд
“ изјави Зорц негирајќи дека Дембеле е на пат за Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×