Како што најавија
дел од челниците на германскиот бундеслигаш во текот на вчерашниот ден, тоа
денес и се исполни, Борусија Дортмунд го суспендираше Осман Дембеле и тој нема
да може да тренира со останатите свои соиграчи од првиот тим.
Но, од друга
страна бундеслигашот од Дортмунд му дозволи на фудбалерот да тренира
самостојно, но, сепак одвоено од своите колеги од тимот.
Дембеле сеуште е
во фокусот на вниманието, откако Французинот е една од желбите на каталонскиот
гигант Барселона, исто како и Кутињо од Ливерпул.
Интересот од
Барселона го натера Кутињо да побара да биде ставен на трансфер листата, додека
пак Дембеле имаше поинаква реакција, не се појави на тренинг а воедно не беше
достапен за клубот ниту на својот мобилен телефон.