Борусија Дортмунд брзо го одбра наследникот на Един Терзиќ

by bojan
2 минути читање
Терзиќ

Според пишувањата на Билд, раководството на Борусија Дортмунд веќе одлучило да го именува Нури Шахин за нов тренер и наследник на Един Терзиќ.

Един Терзиќ и Борусија Дортмунд се разделија попладнево, стратегот побарал да му биде раскинат договорот, а „милионерите“ се сложиле да не му прават проблеми и да го ослободат од обврските.

За многумина ваквиот развој на настаните е изненадување, но Борусија Дортмунд нема да троши многу време во изборот на нов тренер и веќе го имаат одбрано наследникот на Един Терзиќ.

Како што пренесува Билд, Нури Шахин ќе биде промовиран како предводник на првиот тим.

Нури Шахин се врати на „Сигнал Идуна Парк“ во јануари и заедно со Свен Бендер стана дел од тренерскиот персонал на Един Терзиќ.

Се говори дека Нури Шахин е одлично тактички поткован и одиграл клучна улога во патот на „милионерите“ до финалето во Лигата на шампиони.

Тој одлично се разбира со фудбалерите, знае како да ги мотивира, а поради неговата минато со Борусија Дортмунд, има одличен однос и со навивачите.

Па како што вели Билд, само прашање на време е кога ќе се испеглаат сите детали и Нури Шахин ќе биде потврден за нов тренер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани